• среда, 25 декември 2024

Смртниот биланс од експлозијата во фабрика во Словенија се зголеми на пет лица

Смртниот биланс од експлозијата во фабрика во Словенија се зголеми на пет лица
Љубљана, 12 мај 2022 (МИА) - Во денешната експлозија и пожар во фабриката „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, најверојатно загинале сите пет лица, кои се сметаа за исчезнати, а шестмина се повредени, соопшти менаџментот на компанијата. Директорот на компанијата Сречко Штефаниќ изјави дека шансите за преживување на петмината исчезнати се „речиси непостоечки“ поради јачината на експлозијата, пренесува словенечката агенција СТА. Од шестмината повредени двајца се со тешки изгореници и се во животна опасност. Властите првично соопштија дека се повредени 10 лица, а потоа 20, но подоцна потврдија дека бројот е помал. Експлозијата одекна околу 8.30 часот во гратчето со 8.000 жители, на кои веднаш им беше препорачано да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор. Надлежните велат дека нема опасност за животната средина. Во тек е истрага за причината за експлозијата, а се претпоставува дека е последица на човечка грешка, поточно на еден од вработените. Фабриката „Меламин“ е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува, наменета за покривање на подови и мебел. ссм/

Остани поврзан