• недела, 24 ноември 2024

Смртна казна за 38 лица поради бомбашките напади во 2008 година во Индија

Смртна казна за 38 лица поради бомбашките напади во 2008 година во Индија
Њу Делхи, 18 февруари 2022 (МИА) - Индиски суд денеска изрече смртна казна за 38 лица, поврзани со бомбашките напади во Ахмедабаду, во западниот дел од земјата, во кои во 2008 година загинаа 56 лица, а над 200 беа повредени, јави Бета. - Специјалниот судија А.Р. Пател изрече смртна казна за 38 од 49 осуденици во случајот со сериските експлозии, соопшти судот. Останатите добија доживотна казна затвор. Одговорност за нападите презеде исламистичката организација „Индиски муџахедини“, во знак на одмазда за внатрешните конфликти во градот во кои беа убиени околу 2.000 лица, а најмногу од нив беа муслимани. бд/јт/

Остани поврзан