• среда, 27 ноември 2024

СМИР го повторува повикот до Македонците на Косово да се попишат тоа што се - Македонци 

СМИР го повторува повикот до Македонците на Косово да се попишат тоа што се - Македонци 

Дебар, 12 мај 2024 година (МИА) - Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР, уште еднаш  ги повикува  Македонците во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, на пописот на населението кој е во тек,  да се попишат како Македонци, со мајчин македонски јазик, вероисповед муслимани.

- СМИР ги повикува и сите Македонци од Гора, Призренска Жупа и Косово, кои живеат и престојуваат во Македонија, да се потпишат на Косово како Македонци со мајчин македонски  јазик  и вероисповед муслимани, за тоа да ги известат и своите роднини во Гора, Призренска Жупа и Косово, стои во повикот потпишан од Латиф Пајкоски, претседател на СМИР.

Се потсетува дека, Македонија во 2001 година издаде околу 15.000 македонски државјанства во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, врз основа на своерачно потпишани изјави на месните жители дека се етнички Македонци чиј мајчин јазик е македонскиот јазик.

- Жителите на областа Гора и Призренска Жупа, не се ништо друго, освен етнички Македонци, независно дури и од албанизацијата во некои села на Призренска Жупа, се наведува понатаму во повикот. 

Се посочува дека „тие се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од македонскиот народ и неприфатливи се сите обиди за нивна денационализација и асимилација во Бугари, Срби, Албанци, Бошњаци или Турци“.

- СМИР ја осудува Владата во Софија, која врши агресија врз Македонците во областа Гора и Призренска Жупа, на Косово, во намерите на  пописот да се попишат како етнички Бугари, иако етнички Бугари на Косово никогаш во историјата немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Албанија и Македонија, стои во повикот. вт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан