• четврток, 26 декември 2024

Смилковски пред почетокот на Евробаскетот: Да бидеме најдобрата верзија од себе

Смилковски пред почетокот на Евробаскетот: Да бидеме најдобрата верзија од себе

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) – Селекторот на македонската репрезентација составена од кошаркари до 20 години, Боро Смилковски побара од неговите избраници да дадат максимум на натпреварите од претстојниот Евробаскет. 

Основната цел, која ја презентира Смилковски е да се задржи континуитет на играње во друштвото на најдобрите млади играчи на Стариот континент.

- Да дадат се од себе, да бидеме најдобрата верзија е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, опстанок во А- дивизијата. Успешно затворивме мини-циклус на подготовки во кој одигравме и шест пријателски натпревари. Задоволни сме од сработеното, играчите максимално посветени ги одработија овие подготовки и како стручен штаб сме навистина сме благодарни за нивната доверба во нашата работа, истакна Смилковски пред почетокот на Евробаскетот.

Европското првенство 2024 А-дивизија за кошаркари до 20 години ќе се одржи од 13 - 21 јули во Гдиња, Полска.

Македонските кошаркари се во Ц-групата со врсниците од Турција, Шпанија и Белгија. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан