Сметководството во Пентагон ја преценило вредноста на опремата испратена во Украина
- Пентагон ја прецени вредноста на американската опрема испорачана на Украина за околу три милијарди долари, изјавија денеска помошник во Сенатот и претставник на одбраната. Американските медиуми посочуваат дека ваква грешка ја отвора вратата за испраќање повеќе оружје во Киев за одбрана од руските сили.
Вашингтон, 18 мај 2023 (МИА) - Пентагон ја прецени вредноста на американската опрема испорачана на Украина за околу три милијарди долари, изјавија денеска помошник во Сенатот и претставник на одбраната. Американските медиуми посочуваат дека ваква грешка ја отвора вратата за испраќање повеќе оружје во Киев за одбрана од руските сили.
Поголема вредност е доделена на оружјето што беше одвоено од американските резерви и потоа испратено во Украина, изјавија денеска двајца високи претставници на одбраната.
„Најдовме недоследности во тоа како ја оценуваме опремата што и ја дадовме“ на Украина, изјави за Ројтерс висок претставник на одбраната, пренесува Хина.
Официјалните лица и помошникот во Сенатот зборуваа под услов да останат анонимни.
Конгресот ќе биде информиран за сметководственото прилагодување, велат изворите.
Официјален претставник на одбраната рече дека постои можност количината на прескапо оружје да се зголеми бидејќи Пентагон ја испитува ситуацијата потемелно.
Пентагон ги користел трошоците за замена за да ја процени помошта за оружје, наместо вредноста на оружјето кога било купено и амортизирано, изјавија високи претставници на одбраната.
Од август 2021 година, САД испратија оружје во Украина во вредност од околу 21,1 милијарди долари од своите резерви. ссм/