• четврток, 26 декември 2024

Случајот против Гершкович ќе се води зад затворени врати

Случајот против Гершкович ќе се води зад затворени врати

Москва, 17 јуни 2024 (МИА) - Случајот во Русија против приведениот американски новинар Еван Гершкович ќе започне на 26 јуни и ќе се одржи зад затворени врати, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на судот.

Обвинителите минатата недела објавија дека судскиот процес против дописникот на Волстрит журнал ќе го сослуша судот во градот Екатеринбург на Урал, каде новинарот беше уапсен во март минатата година под сомнение за шпионажа.

Гершкович ги отфрла обвинувањата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан