• четврток, 26 декември 2024

Случајот за смртта на Марадона одложен за следната година

Случајот за смртта на Марадона одложен за следната година

Буенос аирес, 13 септември 2024 (МИА) - Судењето на осумте здравствени работници обвинети за „убиство од небрежност“ во врска со смртта на фудбалската легенда Диего Марадона е одложено од октомври за март 2025 година, објавија аргентинските медиуми.

Судот во Сан Исидро, град на периферијата на Буенос Аирес, го одобри барањето на тројца од осумте обвинети по вторпат да се одложи судењето првично закажано за 4 јуни, кое требаше да започне на 1 октомври.

Случајот сега ќе започне на 11 март, објави аргентинскиот весник „Насион“.

Фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, кој ја предводеше Аргентина до втората светска титула во 1986 година, почина на 60-годишна возраст во ноември 2020 година од срцева слабост, откако неколку дена претходно беше подложен на операција на мозокот.

Меѓу обвинетите за смртта на поранешниот играч на Бока Јуниорс и Наполи се и неговиот неврохирург, психолог, психијатар и медицински сестри, кои би можеле да се соочат со казни од 8 до 25 години затвор. дс

Фото: Архива

Остани поврзан