• петок, 20 декември 2024

Слуцки: Во блиска иднина може да има иницијативи за референдуми за пристапување на Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје во Русија

Слуцки: Во блиска иднина може да има иницијативи за референдуми за пристапување на Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје во Русија

Москва, 1 јуни 2022 (МИА) - Во блиска иднина може да се појават иницијативи за одржување референдум за пристапување на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), регионите Керсон и Запорожје во Русија, а овие референдуми би можеле да се одржат во текот на летото, изјави Леонид Слуцки, претседавачот со Комитетот за меѓународни работи на Државната дума на Федералното собрание на Руската Федерација.

„Не сакам да предвидувам, но можам да претпоставам дека иницијативите за одржување референдуми во тие региони би можеле да се појават многу брзо, а многу е можно да се случат во текот на летото“, рече Слуцки.

Тој додаде дека во исто време може да се поднесуваат и иницијативи. паг/

Остани поврзан