• четврток, 26 декември 2024

Службите на град Скопје со интервенција за санација на ударната дупка на мостот пред Маркова Река пред Драчево

Службите на град Скопје со интервенција за санација на ударната дупка на мостот пред Маркова Река пред Драчево
Скопје, 10 јуни 2022 (МИА) - Град Скопје соопшти дека екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје во текот на изминатата ноќ поставиле светлосна сообраќајна опрема и ја обезбедиле големата дупка што се појави на мостот кај Маркова река пред скопската населба Драчево. - Инспектор за сообраќај има извршено увид и констатираше оштетување, а пријавата беше проследена во најкус можен рок, со цел екипите на Улици и патишта да можат денеска навремено да ја обезбедат истата, стои во соопштението на Градот Скопје. Оттаму информираат дека како итно решение на местото на оштетувањето, во асфалтот ќе се интервенира со поставување две челични плочи со должина од три метри и широчина од два метри како привремено решение, а во наредните денови во согласност со увидот од стручните лица ќе се работи на изнаоѓање на конечно решение и санација на овој мост кој е стар повеќе од 40 години.Од Град Скопје апелираат да се избегне движење на тешки товарни возила, со цел да се избегнат дополнителни оштетувања, и да не се предизвика поголема опасност за безбедноста на возилата и граѓаните кои поминуваат на овој потег. Додека од „ЈП Улици и патишта“ - Скопје информираат дека во текот на изминатите денови нивните екипи санирале оштетени заштитни столбови на повеќе локации особено во Централното градско  подрачје. - Заштитните столбови редовно се санираат и се поставуваат нови по налог на Град Скопје  поради зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, но и за спречување на непрописно паркирање на возилата. Бидејќи истите многу често се уништуваат од несовесни граѓани, велат од претпријатието. сх/нд/

Остани поврзан