Слот кон судијата Оливер: Ако ја изгубиме титулата, ти ќе бидеш виновен
- Објаснувањето за казната што му беше доделена на тренерот на Ливерпул, Арне Слот, откако доби црвен картон на крајот од дербито на Мерсисајд на „Гудисон Парк“, откри и што точно му рекол Слот на судијата Мајкл Оливер.

Ливерпул, 4 март 2025 (МИА) - Објаснувањето за казната што му беше доделена на тренерот на Ливерпул, Арне Слот, откако доби црвен картон на крајот од дербито на Мерсисајд на „Гудисон Парк“, откри и што точно му рекол Слот на судијата Мајкл Оливер.
Оливер најпрво го исклучи помошникот на Слот кој протестираше откако голот на Џејмс Тарковски беше признаен во длабокото продолжение за нерешени 2:2.
По мечот поради туркање беа исклучени Кертис Џонс и Абдулаје Дукуре, како и тренерот на Ливерпул кој се скара со судијата на натпреварот.
Бидејќи тоа беше неговиот втор црвен картон сезонава, Слот доби суспензија од два натпревари и парична казна од 70.000 фунти, а објаснувањето што го понуди Фудбалската асоцијација открива и што му рекол Слот на Оливер.
ФА објасни дека Слот користел „навредлив јазик“ додека се ракувал со судијата и бил „агресивен и подготвен за борба“.
-Им дадовте сè, се надевам дека сте горди на себе, наводно му рекол Слот на Оливер, а потоа повторно му пришол и додал: „Ако ја изгубиме титулата, ти ќе бидеш виновен“.
А потоа му рекол и на помошникот дека сите судии се „срамота“.
Слот во својата изјава изјави дека нешто слично кажал, но без пцовки: „Ако не ја освоиме лигата, ќе мораме да ти се заблагодариме тебе за тоа“, тврди Слот дека му рекол на Оливер.
Тренерот на „црвените“ не негираше дека рекол дека судиите се „срамота“. дс
Фото: Архива