• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Слот не е вознемирен за можното заминување на Александар-Арнолд во Реал

Слот не е вознемирен за можното заминување на Александар-Арнолд во Реал

Ливерпул, 1 април 2025 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ги коментираше гласините за евентуално заминување на дефанзивецот Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид.

- Трент моментално закрепнува од повредата и правиме се што можеме за да му помогнеме. Смирен сум за неговата иднина. Оваа ситуација трае веќе осум или девет месеци и во овој период тој се снајде многу добро, како и другите играчи на кои им истекуваат договорите, изјави Слот за „Дејли мејл“.

Заменик-капитенот на Ливерпул би можел да го напушти клубот во летото 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор.

Оваа сезона 26-годишниот дефанзивец одигра 39 натпревари, постигна три гола и седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан