• сабота, 21 декември 2024

Слога Пром е „Златен партнер“ на Македонски олимписки комитет

Слога Пром е „Златен партнер“ на Македонски олимписки комитет

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Компанијата Слога Пром од Кавадарци е новиот стратешки и „Златен партнер“ на Македонски олимписки комитет (МОК). Со потпишување на договорот за соработка во следниот период и на следните олимписки натпреварувања Слога Пром ќе ги поддржува македонските олимписки медалисти како и работата на комитетот на повеќе полиња, соопшти МОК.

Договорот е потпишан од Ласко Јованов, генерален менаџер на Слога Пром и Даниел Димевски, претседател на МОК.

- Да се биде Златен партнер на МОК е голема чест затоа што подржувајќи ги нашите спортисти, стануваме дел и помагаме во создавање на македонската спортска историја. Од вештините и меѓународните резултати на нашите олимпијци, излегле повеќе успешни национални спортски достигнувања, што е причина за поголема и поширока поддршка за олимписките спортисти. Во ова партнерство со МОК, освен што придонесуваме за создавање на македонското спортско наследство, уште и сме дел од една поголема мисија за популаризирање на македонскиот спорт, истакна Јованов.

Слога Пром важи за компанија којашто е посветена на промоција на спортската култура на локално и национално ниво преку повеќе активности, како и изградба и опремување на спортски капацитети. зс/

Остани поврзан