• вторник, 24 декември 2024

Словенија ќе свика вонреден состанок на СБ на ОН за тензиите меѓу Израел и Либан

Словенија ќе свика вонреден состанок на СБ на ОН за тензиите меѓу Израел и Либан

Њујорк, 25 септември 2024 (МИА) – Словенија планира да свика вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за тензиите меѓу Израел и Либан на барање на Франција, јави словенечкото издание на регионалната телевизија Н1.

Словенечкото МНР попладнево ќе го повика и израелскиот амбасадор во Љубљана.

Франција, која е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, вчера повика на итен состанок на Советот поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Либан. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро повика да се избегне регионален конфликт.

Словенија, која е непостојана членка на Советот за безбедност, во моментов претседава со Советот. Се очекува состанокот да се одржи денеска.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабока загриженост поради влошувањето на ситуацијата и големиот број цивилни жртви, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик, откако Израел изврши голем напад врз Либан во кој загинаа повеќе од 500 лица, според либанските власти.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре треба да одрижи говор на Генералното собрание на ОН. Тој го напушти Израел во време на многу интензивни борби, што наиде на критики од израелската влада, пренесува Ал Џезира, цитирана од En 1. Неговото обраќање првично беше закажано за петок.

Поради интензивните судири на израелско-либанската граница, вчера и словенечкото МНР го повикало на разговор израелскиот амбасадор, потврди во Њујорк словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Според неа, се чини дека Либан станува новата Газа и ситуацијата ја опиша како алармантна. Разговорот треба да се одржи утрово. јт/

Фото: ОН

Остани поврзан