• вторник, 19 ноември 2024

Словенија почнува со масовно тестирање за раширеноста на коронавирусот

Словенија почнува со масовно тестирање за раширеноста на коронавирусот
Љубљана, 20 април 2020 (МИА) - Во Словенија од денеска почнува масовно тестирање на граѓаните со цел здравствените власти да имаат реална слика за раширеноста на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според планот, предвидено е во наредните денови да се тестираат вкупно 3.000 граѓани по случаен избор, односно по десет од сите 300 општини во земјата. Списокот за тестирање го направи Државниот завод за статистика, а ќе бидат опфатени здрави лица, без разлика на полот и возраста. Целта на ваквиот медицински експеримент е да се добие реална претстава за раширеноста на вирусот, кој ќе и помогне на Владата при носењето на одлуките за динамиката на укинувањата на ограничувањата донесени поради епидемијата на коронавирусот. ав/

Остани поврзан