• сабота, 23 ноември 2024

Словенија одлучува за граничните контроли со Хрватска и Унгарија

Словенија одлучува за граничните контроли со Хрватска и Унгарија

Љубљана, 19 октомври 2023 (МИА) - Словенечката влада денеска ќе одлучува за воведување гранични контроли со Хрватска и Унгарија, соопштија од словенечкото МВР, јавија словенечките медиуми. Министерот веќе ги известил своите хрватски и унгарски колеги.

Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија.

-Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан