• среда, 25 декември 2024

Словенија обезбеди историски настап на олимпискиот кошаркарски турнир

Словенија обезбеди историски настап на олимпискиот кошаркарски турнир
Каунас, 4 јули 2021 (МИА) – Актуелниот европски кошаркарски вицешампион Словенија за првпат во својата историја обезбеди пласман на Олимписките игри, откако вечерва во финалето на квалификацискиот турнир во Каунас ја совлада домашната репрезентација на Литванија со 96:85. Словенечката репрезентација до својот историски пласман на завршницата од олимпискиот кошаркарски турнир што ова лето ќе се одржи во Токио ја предводеше Лука Дончиќ со 31 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Кошаркарот на Далас веќе на полувреме имаше ефект од 21 поени, шест скокови и пет асистенции. Победникот беше одлучен во третата четвртина во која Словенците постигнаа шест тројки и дојдоа до двоцифрена предност од 80:69, која на почетокот на последната четвртина дополнително ја зголемија на недостижни плус 16 поени разлика (85:69). Словенија на Игрите во Токио (23 јули – 8 август) ќе игра во групата Ц против домаќинот Јапонија, Шпанија и Аргентина. ег/паг/

Остани поврзан