• недела, 29 декември 2024

Словенечкото маслиново масло - најдобро во северната хемисфера

Словенечкото маслиново масло - најдобро во северната хемисфера
Љубљана, 28 февруари 2021 (МИА) - Словенечко маслиново масло Вања, произведено од Вања Дујц во Копер, е добитник на престижната награда Олио Нуово за најдобро маслиново масло на северната хемисфера во 2021 година, објавија организаторите на натпреварот. Наградата беше доделена во четвртокот, јави денеска СТА. Признанието се однесува на квалитетот и брендот, велат организаторите, кои го пофалија маслото произведено од Дујц како „прекрасно, комплексно масло, избалансирано, со огнен удар на крајот“. Жирито, составено од експерти за маслиново масло и врвни готвачи, беше предводено од Ерик Брифар, шеф на институтот „Л Кордон Блу“ во Париз. Дујц произведува маслиново масло од 1984 година во селото Малија во крајбрежната општина Изола. Неговата маслинова градина има околу 1.200 дрвја и произведува 3.300 литри маслиново масло годишно, велат организаторите. ссм/

Остани поврзан