• среда, 27 ноември 2024

Словенечки медиуми: Наоми Вотс снима филм во Словенија

Словенечки медиуми: Наоми Вотс снима филм во Словенија
Љубљана, 17 февруари 2021 (МИА) - Британската глумица Наоми Вотс периодов пристигнува во Словенија, каде што, според тамошните медиуми, треба да снима филм во ски-центарот Крвавец. Иако првично медиумите објавија дека пристигнала американската глумица Скарлет Јохансен, според новите податоци - тоа всушност, била Вотс. Еден од менаџерите на ски-центарот, Лука Вранчиќ изјави дека се во преговори со продукциска куќа, за снимање филм на странски јазик, од следната недела, па следните 14 дена. Вранчиќ додаде дека снимањето на филмот нема да смета во работата на ски-центарот, но исто така и дека филмската екипа „е виновна“ за зафатеноста на сместувачките капацитети во зимското одморалиште. Според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ, Вотс во мигов ги снима драмите „Бескрајна бура“ (Infinite Storm) и „Огнена сезона“ (Тhе Burning Season). Следни филмови каде што тaa ќе глуми, се трилерот „Лејквуд“ и „Беше еднаш на Стејтен Ајленд“ (2021).  си/

Остани поврзан