• сабота, 23 ноември 2024

Словенечкиот премиер Јанша позитивен на коронавирусот

Словенечкиот премиер Јанша позитивен на коронавирусот
Љубљана, 9 февруари 2022 (МИА) – Словенечкиот премиер Јанез Јанша соопшти дека според резултат од брз тест е позитивен на коронавирусот, јави агенцијата Анадолија. - Успешно го избегнувавме коронавирусот две години. Вчера двете момчиња беа позитивни, мојот тест беше негативен. Денеска, за жал, и мојот е позитивен. Сите симптоми се класичните симптоми. Засега поблаги. Така и нека остане, соопшти Јанша. Во Словенија се регистрирани 5.076 новозаразени со коронавирусот, по направени 1.566 ПЦР-тестови и 52.036 брзи антигенски тестови. Според податоците на Националниот институт за јавно здравство, во Словенија во моментов има 173.862 активни случаи на вирусот, што е за 12.387 случаи помалку од вчера. Седумдневниот просек на потврдени случаи моментално изнесува 9.862, што е за 2.710 помалку од ден претходно, а бројот на потврдени случаи во последните 14 дена на 100.000 жители е 8.239, што е за 588 помалку од претходниот ден.

Остани поврзан