• среда, 25 декември 2024

Словенечкиот Врховен суд и наложи на Владата да ја финансира агенцијата СТА

Словенечкиот Врховен суд и наложи на Владата да ја финансира агенцијата СТА
Љубљана, 6 септември 2021 (МИА) - Словенечкиот Врховен суд денеска и наложи на конзервативната влада на Јанез Јанша да го плати долгот кон националната новинска агенција СТА, на која и беше прекинато финансирањето неколку месеци поради критиките за нејзината уредувачка политика. И покрај предупредувањата од Европската унија, словенечкиот премиер ги замрзна средствата за агенцијата СТА, која ја оквалификува како „национален срам“, бидејќи смета дека е премногу критична кон него. Раководството на СТА, чиј опстанок и исплата на плати за 90 вработени се загрозени, одлучи случајот да го изведе пред лицето на правдата. „Јавниот сервис на СТА мора да биде финансиран од неговиот основач“, односно владата, според одлуката на Врховниот суд. Агенција е основана во 1991 година. ссм/

Остани поврзан