• четврток, 26 декември 2024

Словенечката министерка за правда поднесе оставка по спор со премиерот Јанша

Словенечката министерка за правда поднесе оставка по спор со премиерот Јанша
Љубљана, 27 мај 2021 (МИА) -  Словенечката министерка за правда, Лилјана Козловиќ, денеска поднесе оставка поради спорот со премиерот Јанез Јанша, околу двајцата обвинители кои требаше да бидат назначени во новоформираното европско Јавно обвинителство, јави ДПА. Козловиќ изјави дека поднела оставка затоа што Јанша го поништил нејзиното назначување на двајцата словенечки обвинители, кои на 1 јуни требаше да почнат со работа во обвинителството, наведе СТА. Козловиќ претходно го потврди назначувањето на двајцата функционери, кои беа предложени од независен совет, но Јанша ги поништи овие назначувањата бидејќи словенечкото обвинителство во минатото повеќе пати поднесувало лажни обвинувања против политичари од неговата десничарска националистичка партија, пренесе ДПА. Критичарите наведуваат дека Јанша се обиде да ја ограничи слободата на медиумите и покажува слаба почит кон демократските вредности и стандарди за владеење на правото. Тој на Твитер нападна новинари и поттикнува независни медиуми, вклучувајќи го тука и случајот со запирањето на државните финансиски средства за агенцијата СТА. Првото јавно обвинителство на Европската унија на 1 јуни ќе почне со работа, со истражување на криминалот поврзан со буџетот на ЕУ, вклучувајќи мито, проневера и измама. Козловиќ е членка на СМЦ, мала центристичка партија, која заедно со СДС на Јанша, управува со владината коалиција во Словенија. сд/

Остани поврзан