• сабота, 21 декември 2024

Словенечката Влада им се извини за воените ветерани за изоставувањето од прославата на Денот на државноста

Словенечката Влада им се извини за воените ветерани за изоставувањето од прославата на Денот на државноста
Љубљана 29 јуни 2020 (МИА) – Словенечката Влада им се извини на воените ветерани бидејќи оваа година за првпат ги „заборави“ од прославата на Денот на државноста, јави дописникот на МИА од Љубљана. Министерот за одбрана Матеј Тонин лично на претставниците на Здружението на воени ветерани им кажа дека е направена грешка бидејќи не биле поканети да учествуваат во државната прослава на големиот празник. - Сакам да се ви се извинам бидејќи бевте изоставени од овогодишната прослава, кажа Тонин на собирот по повод 30-годишнината од формирањето на Здружението на воени ветерани. Инаку, со одлука на Владата овие здруженија и претставниците на борците ветерани од Втората светска војна ги изостави од организацијата на централната прослава на Денот на државноста која се одржа во Љубљана, по што следеа бурни реакции. ав/сд/

Остани поврзан