• сабота, 28 декември 2024

Словенечката амбасада организира акција за чистење на парк-шумата во Гази Баба

Словенечката амбасада организира акција за чистење на парк-шумата во Гази Баба
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Акција за чистење на парк-шумата во општина Гази Баба - Скопје, насловена „Пријателство со природата, пријателство меѓу државите и децата – заштита на природата, храната и животната средина“ ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот, во организиација на Амбасадата на Република Словенија, а во партнерство со општина Гази Баба и Земјоделскиот институт - Скопје. - Целта на настанот е подигнување на свеста кај младите од основното образование за зачувување на животната средина, како и за значењето на живиот свет, преку акција за чистење на парк-шумата во општина Гази Баба од отпадоци и едукативно-интерактивни содржини на отворено, велат од Амбасадата  на Словенија. Во акцијата ќе се вклучат 50-тина деца од основно образование во општина Гази Баба заедно со нивните наставници, градоначалникот Бобан Стефковски и вработени во општината, амбасадорот на Словенија, Милан Предан, претставници од делегациите на ЕУ и ОН, како и научни работници од Земјоделскиот институт – Скопје. сх/лв/

Остани поврзан