• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Фицо

Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Фицо

Братислава, 14 јануари 2025 (МИА) - Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Роберт Фицо, изјави денеска лидерот на најголемата словачката опозициска партија „Прогресивна Словачка“ , Мичел Симечка, цитиран од британските медиуми.

Барањето за недоверба се поднесува откако премиерот Фицо минатиот месец отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

-Роберт Фицо ја заборава Словачка. Наместо да биде во својата земја и да работи на решавање на проблемите, тој патува низ светот и им се поклонува на диктаторите, рече Симечка  на прес-конференција.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан