• среда, 25 декември 2024

Словачкиот министер за економија Сулик поднесе оставка

Словачкиот министер за економија Сулик поднесе оставка
Братислава, 22 март 2021 (МИА) - Словачкиот минисетр за економија Рихард Сулик денеска поднесе оставка од функцијата. Тој е лидер на партијата Слобода и солидарност (СаС) и исто така вицепремиер. - Сега е ред на премиерот Игор Матович да поднесе оставка, што би довело до пад на актуеланата Влада и би се отворил пат за нов кабинет, посочи Сулик. Партиите СаС и За народот, две од четирите коалициски владини партии, бараат оставка од Матович, кој го обвинуваат за лошо управување со пандемијата и за тајно склучување на договор за купување на руската вакцина против Ковид-19 Спутник В, и покрај нивното противење. Матович вчера изјави дека е подготвен да поднесе оставка за да ја спаси коалициската Влада предводена од неговата партија Обични луѓе и независни личности (ОЛаНо) и оти сака да остане во Владата како министер. Сулик го одби неговиот услов. СаС наведе дека уште двајцата нивни министри ќе ја напуштат Владата ако Матович не поднесе оставка. Анкетата вчера објавена покажува дека над 80 проценти од Словаците сакаат оставка од Матович. Едуар Хегер, член на ОЛаНо и актуелен министер за финансии и вршител на должноста министер за здравство е можен кандидат за премиер. Претседателкатра Зузана Чапутова изјави дека ќе ја прифати оставката на Сулик. ми/

Остани поврзан