• среда, 25 декември 2024

Словачка регистрира 1.100 закани за бомби во еден ден, полицијата почна истрага за тероризам

Словачка регистрира 1.100 закани за бомби во еден ден, полицијата почна истрага за тероризам

Братислава, 7 мај 2024 (МИА) - Словачки училишта и институции, вклучително и банки, денеска добија над 1.100 закани за бомби што предизвика евакуации низ целата земја, соопшти полицијата, објавувајќи дека покренала истрага за тероризам.

-Актот се истражува како особено тешко кривично дело терористички напад, рече Растислав Полакович, заменик началник на полицијата.

Тој посочи дека мејловите почнале да пристигнуваат во училиштата денеска од пет или шест часот наутро и додаде дека речиси 1.000 од заканите за бомби биле упатени кон училишта, а повеќе од 100 од нив биле примени од банките.

-Полицијата ја проверува безбедноста во училиштата и работи на откривање на сторителот, објави полицијата на својата официјална фејсбук-страница.

Насилниците се соочуваат со можна доживотна затворска казна. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан