• среда, 25 декември 2024

Словачка противник на македонските кошаркари во претквалификациите за ЕП 2025

Словачка противник на македонските кошаркари во претквалификациите за ЕП 2025
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) – Еден од противниците на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Европското првенство 2025 е репрезентацијата на Словачка. Полудиригираната ждрепка закажана за 14 јули во Минхен ќе ги одреди другите две селекции кои ќе играат во Д-групата со Македонија и Словачка. Потенцијални противници се Австрија, Романија и Данска кои победија во првата фаза од претквалификациите, Швајцарија и Норвешка како најдобропласирани втори, и Кипар како домаќин на шампионатот. Натпреварите ќе се играат во три нови „прозорци“ – август и ноември годинава и февруари 2023 година. зс/

Остани поврзан