• среда, 25 декември 2024

Словачка победник на „Чајка 2021“

Словачка победник на „Чајка 2021“
Скопје, 21 август 2021 (МИА) – Репрезентацијата на Словачка е победник на 45. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Словаците вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја победија македонската репрезентација со 3-1, по сетови 25:17, 21:25, 25:22 и 25:22. Претходно двете селекции со по 3:0 беа поуспешни од репрезентацијата на Црна Гора, па македонските одбојкари се втори на турнирот, а Црногорците трети. Пред самиот почеток на турнирот, настапот го откажа Израел поради проблеми со играчи позитивни на коронавирус. Овој турнир беше последна проверка за формата на македонските одбојкари кои од 1 до 19 септември ќе настапат на Европското првенство. Тие ќе бидат дел од групата во Тампере, каде покрај домаќинот Финска ривали ќе им бидат и Холандија, Турција, Шпанија и Русија. зс/

Остани поврзан