• недела, 24 ноември 2024

Словачка го продаде неискористениот дел од вакцините Спутник В назад во Русија

Словачка го продаде неискористениот дел од вакцините Спутник В назад во Русија
Братислава, 3 јули 2021 (МИА) - Словачка ги продаде повеќето од своите дози на руската вакцина „Спутник В“ назад во Русија, објави во петокот словачкото Министерство за здравство, поради намалениот интерес на словачката јавност за вакцинирање со производ што не е одобрен од европски регулатор.
- Словачка и продаде на Русија 160.000 од вкупно 200.000 дози по цена од 9,95 американски долари по доза, што е иста цена по која е купена вакцината во март, рече портпаролката на Министерството.
 

Купувањето на „Спутник В“ беше политички фијаско за тогашниот премиер Игор Матовиќ, кој ја купи руската вакцина без да се консултира со своите коалициски партнери. Матовиќ беше принуден да даде оставка, иако подоцна се врати во Владата како министер за финансии.

Словачката регулаторна агенција СУКЛ одби да ја одобри употребата на „Спутник В“, повикувајќи се на нецелосни податоци за производителот.
Минатиот месец, сепак, Владата одобри употреба на „Спутник В“ за оние кои сакаат руска вакцина, но интересот на јавноста беше многу помал од достапните количини.
Министерството во петокот објави дека 10.500 Словаци ја примиле првата доза на вакцината и дека други 8.000 се на списокот за примање на оваа вакцина.
На крајот на јуни, Владата го заврши процесот на апликација за руската вакцина и најави дека ќе ја донира или продаде неискористената вакцина. паг/

Остани поврзан