• вторник, 30 јули 2024

Слики од „Виножито од Тиквешко" на Владимир Темков на изложба во Турција

Слики од „Виножито од Тиквешко
Кавадарци, 16 август 2022 (МИА) - Кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков денеска најави негова изложба во Бодрум, Турција, што ќе се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. -Започнаа подготвителните работи околу изложбата на мои слики во Мор Сант галеријата, што ќе биде отворена во септември. Изложбата е насловена „Романтична приказна во Бодрум".  Се работи за 30 дела од последниот циклус „Тиквешко виножито", на кои се претставени виното и житото што се раѓаат под тиквешкото сонце, појасни Темков. Тој најави дека во октомври, овие слики ќе бидат изложени во галерија во Солун, Грција. -Со овие изложби, како впрочем и сите други, се промовира македонската култура во светот, дециден беше Темков. свд/рп/

Остани поврзан