• четврток, 26 декември 2024

Слика на Ван Гог продадена за над 13 милиони евра

Слика на Ван Гог продадена за над 13 милиони евра
Лондон, 26 март 2021 (МИА) - Една од ретките слики на Винсент ван Гог, која беше подолго време во приватна сопственост, вчера е продадена за повеќе од 13 милиони евра на интернет-аукција на „Сотби“. Сликата „Уличeн поглед на Монмартр“ сега беше јавно изложена првпат од нејзиното создавање во 1887 година. Делото досега беше дел од приватна колекција. Купено е за 13.090.000 евра, објави аукциската куќа. Првичната проценка се движеше меѓу пет и осум милиони евра - рекорд за кое било дело на холандскиот уметник насликано во Франција. Продажбата на „Уличниот поглед на Монмартр“ беше своевиден врв на наддавањето, на кое беа понудени уште 33 дела на други познати уметници, вклучувајќи ги Дега, Магрит, Модиљани, Роден и неговата муза Камил Клодел.  си/сд/

Остани поврзан