• четврток, 26 декември 2024

Сликата на Бенкси на аукцијата продадена за над 20 милиони евра

Сликата на Бенкси на аукцијата продадена за над 20 милиони евра
Лондон, 15 октомври 2021 (МИА) - Делумно искинатата слика на британскиот уличен „скриен уметник“ Бенкси е продадена за 18,5 милиони фунти (нешто над 21,8 милиони евра), на наддавањето во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон. Уметничкото дело „Љубовта е в ѓубре“ му го донесе рекордниот хонорар на уметникот, пренесе ДПА. Сликата, инаку првично насловена „Девојчето со балон“, се најде на насловните страници во 2018 година и доживеа многу реплики потоа. На крајот на претходната аукција кога беше продаден за 1,1 милион фунти, предметот „таинствено се самоуништи“, со помош на сечила скриени во долниот дел на рамката. Така, долната половина од уметничкото дело е надвор, во „реси“, а во рамката остана само балонот во облик на црвено срце. Се наведува дека уметникот намерно го направил тоа. Инаку „Љубовта е в ѓубре“ ја надмина првичната проценка на вредноста од 4 - 6 милиони фунти.  си/сд/

Остани поврзан