• среда, 25 декември 2024

Следува период на стабилно и потопло време

Следува период на стабилно и потопло време

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Следува период на стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди. Пораст на дневните температури ќе се задржи до крајот на оваа недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2 степени, а максималната ќе се движи од 5 до 13 степени.

Во среда максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, во четврток од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени. дма/нд/

 

Остани поврзан