• понеделник, 07 октомври 2024

Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на температурата

Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на  температурата

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Во следните два дена ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст. дма/лв/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан