Следните два дена многу топло, во петок и викендов со локален проен дожд и благ пад на температурите
- Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР.
![Следните два дена многу топло, во петок и викендов со локален проен дожд и благ пад на температурите](https://new.mia.mk/index.php/images/20240717120926_big_730x400_48.webp )
Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3 до 4 степени во споредба со денешната. сст/дма/
фото МИА архива