• вторник, 24 декември 2024

Следниот бран бегалци ќе биде од Русија, изјави бугарскиот министер за иновации и раст Даниел Лорер

Следниот бран бегалци ќе биде од Русија, изјави бугарскиот министер за иновации и раст Даниел Лорер
Софија, 30 април 2022 (МИА) - Следниот бран ќе биде руски бегалци. Веќе успеавме да примиме неколку стотици економски бегалци од Русија, главно висококвалификувани инженери кои го разбираат економскиот пустош што се наѕира таму и бараат подобра иднина за себе и за своите семејства. Ова го изјави министерот за иновации и раст Даниел Лорер во етерот на Нова ТВ. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Мора да се подготвиме организациски и законски и да излеземе во пресрет на големиот број бегалци од Русија, додаде тој. За прв пат имаме закана од Русија за економската безбедност на Бугарија, ова е суштинска промена и очекуваме претседателот да има храброст тоа да му го каже на бугарското општество и да застане со нас, рече министерот. Позицијата на претседателот е срамна во ситуација кога Бугарија се соочува со економска уцена - Акциите на Путин сакаат да ги запрат бугарските фабрики, да ни ја запрат топлината дома, во ситуација на таков економски напад врз земјата, не можеме да се поделиме лево а десно, на млади и стари, на русофили и русофоби, рече Лорер. Според него, во моментов е важно да се биде одговорен народ кој сака заедно да ја помине кризата и да излезе посилен од другата страна. Тој истакна дека за украинскиот претседател Володимир Зеленски Бугарија е пријателска земја, а премиерот Петков беше еден од ретките поканети во Украина. „Тоа значи дека тие го ценат сето она што го направивме досега“, рече Лорер. Да бидеме на чисто – ние сме за воено-техничка помош за Украина, исто како и сите други земји од ЕУ и ниту една од нив не влезе во отворен конфликт со Русија по ова прашање, додаде министерот. Сега е време кога Бугарија мора јасно да каже преку Националното собрание дека сака и мора да и помогне на Украина во оваа војна со Путин, додаде министерот за иновации и раст. Лорер рече дека верува оти ќе се најде формула во која коалиционите партнери ќе продолжат да работат заедно. „БСП е многу свесна каде е националниот интерес во моментов и политичката мудрост ќе надвладее“, додаде тој. „Никој од бугарските работодавци не сака Газпром, никој од бугарските работодавачи не сака да плаќа во рубли, никој не сака Бугарија да ги прекрши санкциите на ЕУ, но сите сакаат гас по разумни цени за да останеме конкурентни“, рече тој. Според него, бидејќи се работи за паневропски проблем, преговорите за гасот мора да се водат на европско ниво. _________________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан