• недела, 01 септември 2024

Следната седмица Фестивал на ракијата во Кавадарци

Следната седмица Фестивал на ракијата во Кавадарци
Кавадарци, 16 мај 2022 (МИА) - Фестивал на ракијата ќе се одржи следната седмица во Кавадарци, информираа денеска од ,,Жта", Здружение на љубители и мали производители на ракија.
-Фестивалот ќе се реализира во вторник на 24 мај, во прекрасниот амбиент, во дворот на  кавадаречкиот Вински музеј. Настанот се организира за прв пат и оваа година нема да има натпреварувачки карактер. Производителите на ракија, ќе имаат можност да ги презентираат своите производи и да ја раскажат сопствената приказна за ракијарскиот занает, соопштија од Здружението.
Оттаму додадоа дека целта е промоција и унапредување на ракијата како производ. Настанот се организира во соработка со музејот и локалната самоуправа.
Организаторот најави низа интересни содржини, меѓу кои печење на ракија во казан на лице место, како и културно забавна програма. свд/сст/

Остани поврзан