Следната недела Лондон ќе биде домаќин на разговори за Украина
- Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин на состанок со сојузниците овој викенд во Обединетото Кралство, на кој ќе се разговара за можни чекори за ставање крај на конфликтот во Украина.

Лондон, 25 февруари 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин на состанок со сојузниците овој викенд во Обединетото Кралство, на кој ќе се разговара за можни чекори за ставање крај на конфликтот во Украина.
- Ќе примам претставници од неколку држави за да разгледаме како да продолжиме заеднички како сојузници во оваа ситуација, изјави Стармер пред новинарите.
Тој додаде дека денеска разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, кој се врати од средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. ссм/
фото: ЕПА