• четврток, 26 февруари 2026

Следната недела почнува реконструкција на охридскиот аеродром, првпат од изградбата, најави Николоски

Следната недела почнува реконструкција на охридскиот аеродром, првпат од изградбата, најави Николоски

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Следната недела почнува реконструкција на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид, прва од неговата изградба - најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, преземени се активности и аеродромот е легализран, што, истакнува, беше тежок процес.  

-  Реконструкцијата ќе биде прва од овој тип од неговото градење.  До неодамна беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродрома да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата, што ќе донесе повеќе летови  и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис-делот да доаѓа во Скопје - истакна синоќа вицепремиерот Николоски во поткастот на ТВ „Сител“, соопшти Министерството за транспорт. 

Николоски потсетува дека се работи на договор во авиосообраќајот со Саудиска Арабија и оти очекува да се воспостави директна линија меѓу двете земји. - Веќе поминавме протокол за договор со Саудиска Арабија, очекуваме следниот месец да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми - рече Николоски оценувајќи дека авиосообраќајот се развива значително во изминатата една и пол година и оти се воспоставени 23 нови дестинации од домашните аеродроми. лв/дма/

фото: МИА архива 

Остани поврзан