• среда, 25 декември 2024

Славјанка Петровска на местото на Оливер Спасовски, констатирана оставката и на Царовска

Славјанка Петровска на местото на Оливер Спасовски, констатирана оставката и на Царовска
Скопје, 25 август 2020 (МИА) - Славјанка Петреска е новата пратеничка која доаѓа на местото на Оливер Спасовски кој претходно поднесе оставка од пратеничката функција поради тоа што е предложен за министер за внатрешни работи. Мандатот на Петреска беше верификуван вечерва во Собранието. Собранието продолжува со работа со констатирање на оставките и на останатите пратеници кои треба да бидат дел од извршната власт. Констатирана е оставката на Мила Царовска, а претходно беа констатирани оставките и на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Љупчо Николовски. Останува да бидат констатирани оставките уште на Никола Димитров, Јагода Шахпаска и Насер Нуредини. Собраниските седници се одржуваат без присуство на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса за Албанците. бак/скс/

Остани поврзан