• недела, 17 ноември 2024

Славески: Со иницијативата на советници се реши проблемот со платите на вработените од ЈСП

Славески: Со иницијативата на советници се реши проблемот со платите на вработените од ЈСП

Скопје, 9 ноември 2022

-Нашата советничка група е изненадена од фактот дека ЈСП како што е 11 месеци наназад од доаѓањето на новата администрација немала никаков проблем со исплата на плати, а сега не може да исплати плати. Од градоначалничката Арсовска немавме никаков сигнал дека има такво нешто, ниту да има некој предлог. Самите поднесовме иницијатива, две вонредни седници во два последователни дена, ја усвоивме прво иницијативата и ја задолживме, и дадовме задача на градоначалникот Арсовска да подготви предлог одлука да го решиме овој проблем, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје при гостување на „Студио 10“ на телевизија 24.

Славески додаде дека градоначалничката немаше каде и подготви предлог одлука за да се надмине ситуацијата со ЈСП. Таа воопшто не се грижи за вработените во Градот. Многу поплаки од вработените пристигаат до координаторите на советничките групи.

-Ние добивме, неколку дописи пристигнаа до советниците, до координаторите на советничките групи, до сите советници од синдикатот за комунални дејности при Сојузот на синдикатите на Македонија. Тие бараа дури и итна седница за состојбите во Водовод и канализација и другите јавни претпријатија како што јас како претседател проценив дека нема основ за итна седница. Во закон и Статут се предвидени основи кога може да се свика итна седница, појасни тој.

Претседателот на Советот на Град Скопје рече дека по толку зачестени барања координаторите на советнички групи вчера планирале средба со претставници на ССМ за да ги ислушаат.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан