• недела, 28 јули 2024

Скулптура од рециклиран смет ќе биде поставена во Тетово

Скулптура од рециклиран смет ќе биде поставена во Тетово

Тетово, 4 ноември 2021 (МИА) - Скулптура од рециклиран смет ќе биде поставена во Тетово, информираат од Националната установа „Уметничка Галерија“ во врска нивниот проект. Скулптура е изработена од рециклирани материјали, метални парчиња, чинии и метални конци.

- Целта на проектот е да се промовира креативноста и реализацијата на различни предмети со материјали што може да се рециклираат. Оваа скулптура ја претставува конфронтацијата и предизвиците со пандемијата во последните две години. Реализатори на овој проект се Арта Рушити Фетаху и Авни Демири, информираат од Уметничката Галерија.

Скулптурата со согласност на Општина Тетово ќе биде поставена во градското подрачје, потенцираат од тетовската уметничка установа.ас/фф/

Остани поврзан