• вторник, 12 ноември 2024

Скоро половина милион Израелци мораа да бидат евакуирани поради воените дејствија

Скоро половина милион Израелци мораа да бидат евакуирани поради воените дејствија

Ерусалим, 17 октомври 2023 (МИА) - Речиси 500 илјади Израелци се раселени во нивната земја по нападите на Хамас на 7 октомври, соопшти на прес-конференција портпаролот на израелската армија.

-Околу половина милион Израелци се раселени во границите на Израел. Според владините директиви, го евакуиравме целиот јужен Израел, сите населени места во близина на Појасот Газа... Истото го направивме и на север, каде што беа евакуирани 20 населби во близина на границата со Либан, рече портпаролот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан