• петок, 27 декември 2024

„Скопје Сити Мол“ и „Синеплекс“ со 10 детски театарски претстави ги вклучува најмладите во хуманитарна акција

„Скопје Сити Мол“ и „Синеплекс“ со 10 детски театарски претстави ги вклучува најмладите во хуманитарна акција
Скопје, 24 март 2022   Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс секоја недела за најмладите организира „Мој театар – Сити театар“ - циклус од 10 различни детски театарски претстави. Претставите се интерактивни, иновативни и едукативни, пренесуваат различни приказни, а музиката се свири во живо. Освен што се забавуваат и едуцираат, со посетите на Мој театар - Сити театар децата се вклучуваат и во хуманитарната акција „Од дете за дете“, бидејќи средствата од продадените билети на крајот на циклусот на претстави се донираат на детска хуманитарна организација. „Скопје Сити Мол секогаш нуди нови и интересни содржини за најмладите. Овој пат решивме да им донесеме интересно театарско искуство, но и да им овозможиме на најмладите и да научат и да се вклучат во хуманитарната акција Од дете за дете. Интересот за Мој театар-Сити театар е навистина огромен и ветуваме дека и во иднина ќе им понудиме на најмладите и нивните родители нови и интересни содржини во омилениот трговски центар.“ – изјавија од кетинг менаџер на Скопје Сити Мол. Претставите од „Мој театар – Сити театар“ се одржуваат секоја недела со почеток од 11:30 часот во Синеплекс на последниот кат во Скопје Сити Мол, според сите важечки протоколи за заштита од Ковид-19. Цената на билетот е симболична – 100 денари, а приходот е наменет за химанитарни цели. Билетите може да се купат на касата од изложбениот салон Skopje Fashion Festival на приземје во Скопје Сити Мол, додека од следната недела картите ќе се продаваат на инфо пулт во трговскиот центар.  Скопје Сити Мол _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан