• недела, 24 ноември 2024

Скопје одбележува 79 години од Денот на ослободувањето

Скопје одбележува 79 години од Денот на ослободувањето

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) -  Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел  на Алејата на заслужните граѓани во Бутел  и на споменикот  „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции...

Детски културен центар „Карпош“ ја организира традиционалната манифестација „Го градам мојот град“, а Дирекцијата за култура и уметност  работилници на темите „Скопје, европска културна престолнина“ и „Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега“.

Во Градската библиоитеката „Браќа Миладиновци“, пак, ќе биде промовирана книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова, во централната зграда на националната Пошта ќе биде отворена  изложбата од конкурсот „Скопје на новата генерација", во организација на Јуроп Хаус Скопје.

Традиционално, Град Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК - музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев“ - Скопје.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.бд/лв/

фото:МИА/архива

 

Остани поврзан