• среда, 25 декември 2024

Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин

Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото.

Како што информира ОЈО, вчера  на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил зад грбот на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното синџирче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“ и се качил во автобус.

-Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај „Симпо“, при што кај него го пронашле украденото синџирче, соопшти ОЈО.вј/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан