• среда, 27 ноември 2024

Скопјанец осомничен за разбојништво во банка

Скопјанец осомничен за разбојништво во банка

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) -  Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, кое го извршил на 4. месецов во банка на ул. „Бојмија“ во Скопје од каде одзел 2.628.901,55 денари. 

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот на 4. месецов влегол во филијала на банка на ул. „Бојмија” во Скопје и со сериозна закана и употреба на огнено оружје – пиштол, загрозувајќи го животот и телото на двајца вработени во банката, одзел 2.628.901,55 денари со намера противправно да ги присвои. Веднаш побегнал од местото. По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, пронајдени се и парите и тие се вратени на банката.

-Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информира ЈО.лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан