• понеделник, 18 ноември 2024

Скопјанец и велешанец приведени заради агресивно однесување кон полициски службеници

Скопјанец и велешанец приведени заради агресивно однесување кон полициски службеници

Скопје, 17 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари синоќа во 1:30 часот на  подрачјето на Шуто Оризари го лишиле од слобода И.Б.(64) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Вчера, пак, во 1:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Д.К.(39) од Велес, затоа што пред угостителски објект во Велес физички го нападнал М.Б.(33) од Скопје, кој работел како редар пред објектот, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. вј/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан