• недела, 24 ноември 2024

Скопски МШК Центар нов македонски шаховски првак во женска конкуренција

Скопски МШК Центар нов македонски шаховски првак во женска конкуренција

 

Струмица, 1 август 2024 (МИА) – Шахистките од МШК Центар од Скопје ја освоија титулата во македонската Прва женска екипна лига во шах.

Во конкуренција на осум екипи, најдобар резултат по одиграните седум одиграните кола постигна екипата во Белослава Крастева, Викторија Радева, Ивана Манова и Моника Жежовска.

На второто место со ист број победи, но со помалку освоени поени се пласираше екипата ШК Алкалоид од Скопје.

Третото место им припадна на шахистките од ШК Куманово.

Државното екипно шаховско првенство во женска конкуренција се одигра во Струмица. ег ФОТО: ШФМ

Остани поврзан