• четврток, 26 декември 2024

Скопски водовод со апел за oдговорно користење на канализацискиот систем

Скопски водовод со апел за oдговорно користење на канализацискиот систем
Скопје, 1 јули 2021 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони...), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода. - Во текот на мината ноќ, екипите на секторот Канализација, на ул. Индира Ганди, во Шуто Оризари, работеа на чистење и одзатнување на главна фекална канализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилни материјали, влажни марамици... За одзатнување на мрежата беа ангажирани две цистерни (под притисок и вакуум) и вакуум пумпа со голема моќност. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури, истакнуваат од секторот канализација на оваа претпријатие. Апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, негово рециклирање и правилно одлагање. Исто така, апелираат граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.фф/са/

Остани поврзан